Шахпаска: 12.000 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок над 8.000 денари
Пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска информираше дека со новите законски измени 12.000 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок над 8.000 денари.
Со овие измени, како што образложи Шахпаска, се проширува опфатот на мерката, односно нови 1.000 стечајни работници ќе добиваат месечен паричен надоместок се до моментот на нивното пензионирање.
„Тоа значи дека 12 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање. Ги повикуваме сите граѓани, кои ги исполнуваат предвидените услови, веќе од петок па до крајот на јануари до подрачните единици на Агенцијата за вработување да поднесат барање за остварување на ова право“, изјави Шахпаска.
Како што додаде, со оваа мерка се исправа децениската неправда кон оние кои не по своја вина останале без месечни примања и без работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа