ФОТО: Тинејџерка избркана од училиште поради една фотографија - на директорот му пречел еден детаљ
Ученичка во прва година средно училиште во Кентаки била избркана од училиште откако на својот Фејсбук профил објавила фотографија од прослава на роденден.
Тинејџерката на својот 15. роденден славела во бел џемпер со виножито, а пред неа имала торта исто така исто така декорирана во боите на виножитотот.
Тоа би било во ред доколку Кајла Кенеј не запишала католичко училиште, чии начела не се согласуваат со симболиката која тинејџерката, според нивните верувања, експлицитно ги претставила на својот роденден, а тоа е промовирање на различностите.
Имено, Кајла за својот роденден отишла да јаде во локален ресторан со семејството.
Нејзината мајка Кимберли Алфорг ја фотографирала со тортата и фотографијата ја објавила на социјалните мрежи, а тоа веднаш привлекло внимание од службениците во училиштето.
„Беше среќна, изгледаше прекрасно. Како мајка, ја фотографирав како дува свеќи и ја објавив на Фејсбук“, рекла Алфорд за медиумите. Сепак, семејството не очекувало Кајла да биде казнета само затоа што позирала со боите на виножитотот, кои се заштитен знак на ЛГБТ заедницата.
Од училиштетот била избркана само затоа што прикажува прифатеност спротивно од нивните верувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа