Актерот Мустафа Надаревиќ откри дека има рак на белите дробови: „Не бидете примитивни како мене, одете на лекар“
Славниот актер Мустафа Надаревиќ (74) откри дека воледува рак на белите дробови.
Веста го потресе регионот, а актерот за Медиа сервис порачал на сите кои се долгогодишни пушачи, да не избегнуваат прегледи.
„Можам да порачам да не бидат примитивни како мене и да се плашат од доктори. Мене докторите упте како дете ми беа нешто страшно. Добро е да се оди на време на прегледи, затоа што тогаш се многу блиску од излекување“, препорачал Надаревиќ, додавајчи го следново:
„Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, потоа ја прифатив, Кога нешто ќе прифатиш со љубов, може да се победи и најтешката болест“, рекол актерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа