Детали за убиството во Србија: Полицаец ја разнел љубовницата со рачна бомба бидејќи сакала да му се врати на момчето

 

28- годишната девојка која денеска заедно со себе ја разнесе припадник на полицијата на Србија, Павле (31) била девет години во врска со друг маж, од кои некое време паралерно била и во врска со полицаецот, пренесува „Курир.рс“.

Марина работела како воспитачка во градинка во Нова Пазува и не била мажена, а според наведеното, неодамна раскинала со момчето со кое била во долга врска, за да биде со Павле.

Меѓутоа како што се претпоставува се предомислила и сакала да се врати на старата љубов и да го остави полицаецот.

Павле бил женет и имал две деца, а на неговиот фејсбук профли стои и името на неговота сопруга.

Телата на Марина и Павле се најдени утринава во 9 часот и 30 минути во автомобил помеѓу Батајница и Нова Пазова.

Според наведеното, полицаецот активирал рачна бомба додека биле во автомобилот „Опел Вектра“ заедно со Марина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега