Без заедно со години - Поранешното момче на Анастасија ќе стане татко
Славниот српски фудбалер Ѕвездан Терзиќ ќе стане дедо, пренесуваат српските медиуми.
Имено неговиот син Костадин кој е поранешно момче на Анастасија Ражантовиќ ќе стане татко.
Неговата избраничка Валентина за неколку месеци на свет ќе го донесе нивното прво дете.
Парот планира и свадба, а судбоносното „ДА“ ќе го изговорат во јуни годинава.
Фановите коментираат дека Анастасија и Костадин имале светла иднина, но сега наместо Анастасија свадба како од бајките ќе има неговата идна сопруга Валентина.
Парот сака свадба како од Холивуд па затоа уште од сега ништо не оставаат на случајност.
Несудениот зет на Цеца беше во врска со нејзината ќерка во 2016 година и се прослави преку неа во јавноста, семејствата и ден денес се во добри односи, а двајцата тргнаа по своите патишта и од тогаш се немаат сретнато, пишуваат српските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа