Последни моменти поминати со неговата ќерка фатени на камера- Коби и Џиџи ден пред несреќата (ВИДЕО)
Светот остана затечен по страшната несреќа која се случи вчера во Калифорнија.
Девет лица загинаа, а помеѓу нив беше и легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана.
Џијана тренирала кошарка и имала голема желба да се пробие во женската НБА игра, а може да се каже и дека беше на добар пат.
Популарен американски таблоид објави фотографии од Коби И Џиџи од последниот натпревар кој го одигра тринаесетгодишното девојче.
Утакмицата е одиграна во саботата во „Мамба Академија“ каде Џијана играше два натпревара.
Коби Брајант седи покрај теренот, а секоја прилика ја искористи да подели совет со неговата ќерка.
Таблоидот не пренесува дали Коби бил тренер на екипата или не, но повеќе од јано е дека уживал о улогата на тренер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа