Украле еден куп пари и неверојатни 5.000 литри бензин - еве што се случувало на бензинската „Лори Ка“
Струмичанец, велешанец, скопјанец и прилепчанец се здружиле и нелегално си се богателе од дневниот пазар на бензинската пумпа „Лори Ка“.
Според информациите од МВР, 24 годишниот струмичанец Л.Д., неговиот врсник, велешанецoт Б.Ф., 33 годишниот скопјанец Б.Ѓ. и прилепчанецот К.А. (18), сите вработени на бензинската пумпа „Лори Ка“, украле 350.000 денари од дневниот промет на пумпата. Пописот открил дека недостасуваат и 5.000 литри гориво.
Четворицата итреци си заработија кривични пријави.
17.10.2013 - 12:59