Вереницата на босанскиот навивач се прости од него: Само тебе ти се заколнав на вечна љубов и така ќе остане до крајот на животот
Проштална порака на вереницата на загинатиот водач на навивачката група Ljuti Krajišnici, Дениса Сиочиќ на Фејсбук.
Бибо мој, љубов моја. Уште многу имав да ти кажам....Уште многу сакав да проживеам со тебе... И сега велам, само тебе ти се заколнав на вечна љубов и така ќе остане до крајот на мојот живот. Во тоа ти се колнам пред сите овие луѓе и пред Бога....Вечно во моето срце....Нема зборови кои ја опишуваат мојата болка....Пребрзо ме остави....ќе те сакам вечно.
Двајцата планирале да се венчаат , а свадбата требала да се одржи во Бразил, на Светското првенство идната година.
17.10.2013 - 15:22