Запленти 150 килограми марихуана во Албанија
Албанската полиција заплени 150 килограми марихуана на планината Сопот.
Најверојатно марихуаната требало преку планината да биде прошверцувана во Грција. Таа била спакувана во четири големи торби натоварена на мазга. Животното го придружувале две лица, кои благодарејќи на непристапниот терен успеле да и побегнат на полицијата.
Марихуаната потекнува од селото Лазарат, кое е познато и како „фабрика за марихуана“, бидејќи неговите жители годишно произведуваат околу 900 тони марихуана, од што заработуваат над 4,5 милијарди евра.
Во последните две недели запленија околу еден тон марихуна, главно произведена во Лазарат.
17.10.2013 - 16:47