ВИДЕО: „Свињо, будало, злосторнику“ - Шешељ и Чанак за малку ќе се степале во емисија
После воведните искри во емисијата „Хит твит“, се се претворило во жестока вербална пресметка меѓу Ненад Чанк и Воислав Шешељ, а пресметката цело време била на ивица на тепачка.
Кога биле споменати воени злосторства, Ненад Чанак порачал дека не личи за една од жртвите на војната да се зборува кога во студио има воен злосторник, мислејќи на Шешељ.
Следувале навреди. но и остри критики. Чанак Шешељ го нарекол свиња, му порачал неколку пати да менува пелени, а лидерот на радикалите му одговорил со „будало едно“.
„Свињо, будало, злосторникува“ се зборовите кои се слушале во текот на емисијата.
Погледнете:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа