„На 29. години лицето ми стана ужасно и морав да дадам отказ“ - сите ја осудуваат, а таа ја открива својата причина
29-годишната Карина Витерс од Лидс во Велика Британија од мали нозе мака мачи со ексцема.. Во детството проблемот не ѝ се појавувал на лицето, а потоа кога тргнала на факултет ситуацијата станувала се полоѓа и полоша.
Одела вели редовно на дерматолог за да ѝ препише се посилни и посилни креми со стероиди и стероиди во вид на таблети кои би го решиле проблемот само на прва рака, а наскоро кожната болест повторно се враќала полоша од претходно.
-Пробав многу терапии, но ништо не ми помогна. Напротив, лицето ми стануваше се полошо и полошо на крај морав да дадам отказ - вели Карина.
Во ноември минатата година, вели дека дала отказ да се излечи во целост. Првиот чекор бил исфрлање на сите можни креми кои претходно ги користела.
-Првпат се сретнав со поимот зависност од стероиди, како и симптомот кој се одвива и на телото после откажувањето на стероидите. Јас бев долгогодишен зависник и очекувано е симптомите да се ужасни. Сега кожата на лицето ми поминува низ циклус лупење, кинење, чешање и гноење - рекла Карина.
-Дадов отказ за во целост да се фокусирам на своето исцелување затоа што сметам дека тоа е приоритет и би можела да имам квалитетен живот. Јасно ми е дека телото и кожата сега ми поминуваат низ период на чистење и дека сигурно наскоро ќе биде подобро. Многумина ме осудуваат затоа што не работам, но луѓето не разбираат дека моето тело се откажува од стероиди. Ни од хероински зависници не би очекувале да почнат да работат нормално и да функционираат во целост кога се ќе се среди - заклучува таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа