Ахмети за Законот за јавно обвинителство: За нас останува варијантата за која се договоривме во Влада

Претседателот на Демократската Унија на Албанците, Али Ахмети, по денешната средба со преставниците на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, изјави дека Предлог-законот за јавно обвинителство е единствената верзија за која се договориле вчера во Владата, и дека ниту една друга варијанта нема да биде прифатена од страна на ДУИ.

-Јас знам дека Законот за јавно обвинителство е единствениот закон за кој се договоривме вчера, но законот кој што имал измени според волјата на другите јас не знам, бидејќи постојано сум на средби и пред малку сум информиран дека законот претрпел некои измени- изјави Ахмети, пишува Алсат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2020 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега