ВМРО-ДПМНЕ ги објави фактите на денот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави пет факти на денот. Според партијата, насилничкото и шверцерско турскање на Законот за ЈО ја потврдува намерата на претседателот на СДСМ, Заев за бегство од одговорност.

Факти на денот:

  1. Насилничкото и шверцерско туркање на законот за јавно обвинителство ја потврдува намерата на Зоран Заев за бегство од одговорност за скандалите и криминалите.
  2. Алијанса за Албанците и БЕСА нема да го поддржат насилничкото носење на законот јавно обвинителство. Заев ја губи поддршката кај албанскиот блок.
  3. Клопчето околу Дрисла се одмотува. Директни виновници за отпадот кој се носи во Дрисла се луѓе членови на СДСМ и блиски на Зоран Заев. Ќе се понесе ли одговорност?
  4. Агенцијата за храна и ветеринарство се претвори во партиски штаб на СДСМ. Партиски членови се вработени во АХВ, а до петок се очекуваат уште нови 35.
  5. Талат Џафери контра желбите на Заев. Дециден дека Собранието ќе се распушти во понеделник, согласно законот и одредбите од ДИК.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2020 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега