Стојановска Иванова: Образованието се користеше за експериментирање, денес е отворено кон студентите

Трибината „Агенда 20-24- образование“ организирана од СДСМ, ја модерираше професорката Татјана Стојаноска Иванова, доктор по социолошки науки и членка на ИО, која направи компарација на последните две години со претходната деценија владеење на ВМРО- ДПМНЕ.
 
 -Образованието тогаш се користеше за експериментирање, се воведуваа проекти кои воопшто не се напредни, ниту квалитетни. Просветните работници беа заробени и не можеа ниту гласно да зборуваат, а не пак да учествуваат во некои процеси, рече Стојановска Иванова.
 
Според неа, денес состојбата е сосема поинаква, но смета дека и натаму се потребни реформи.
 
-Денес имаме далеку поинаква слика. Образованието се отвори кон родителите и пред се кон учениците и студентите. Свесни сме дека нам ни се неопходни целосни реформи, но веќе сме сигурни дека процесот е започнат, изјави Стојаноска Иванова.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2020 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега