СДСМ: Димовски знае да брани криминал, а не знае право

Очигледна е нервозата кај извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски затоа што не успеа да го реализира налогот на Никола Груевски, велат од СДСМ

Оттаму посочуваат дека толку е очаен, што потегот на извршителот Мицкоски преку обвинетиот Илија Димовски да глуми загриженост покажа дека појма немаат од правни процедури.

-За да се спроведе ваков закон мора да има период за соодветна подготовка. Илија Димовски од Титаник, исто како и извршителот Груевски знае да брани криминал, а не знае право. Политичката согласност околу содржината на Законот за јавно обвинителство воопшто не е загрозена, се вели во соопштението од СДСМ.

По техничките усогласувања Законот со својата конечна верзија е веќе во собраниска процедура.

-Има добра основа да се донесе, а СДСМ е на страната на правдата. Нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите. Секој што го прекршил законот мора да одговара, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2020 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега