Александрова: Новиот закон е решение за негативните последици кои би произлегле од нестручното ракување со прислушуваните материјали

Синоќа во касните часови помина потребата за донесување на новиот закон за ЈО и воедно беше и закажана Комисијата за европски прашања која е едниствено надлежна да расправа по овој закон. Во деловникот е предвидено максимум три дена да расправа по овој закон за ЈО. Многу е битно дали ќе има и колку амндмани би имало. Но три дена се определени да се заврши расправата без оглед колку амндмани се поднесени. Јас немам информации дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани но знаат да изненадат со илјадници амандмани- вели Емилија Александрова, пратеничка од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“ .

Според Алескандрова овој Закон е трета верзија пуштена во Собранието.

-Ние се залагавме овој Закон да биде донесен со консензус. Сметаме дека дијалогот е значајна порака која што би се пратила до ЕУ. Закон кој ќе имплементира законските норми и ќе допринесе за добивање на датум за почеток на преговорите. Јас би рекла дека двете најголеми партии тешко ги надминуваат своите црвени линии и власта како власт имам посебна тежина и одговорност, додека пак опозицијата мораше да покаже поголем капацитет и затоа сметам дека и двете страни имаат одговорност- истака Александрова.

Еден од предлог амандманите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е Обвинителството да не може да ги заснова обвиненијата од прислушкуваните разговори за предмети по 30 јуни, додека се после 30 јуни би можеле овие материјали да се користат како индиции но не како и докази.

-Сè она што не е поднесено, а постои да се уништи и да не може да се користи. Јавноста доби перцепција дека сите овие работи одат во прилог на ВМРО-ДПМНЕ- вели Александрова.

Според Ангелова тоа е перцепцијата на јавноста, но вистината е друга.

-Морам да потенцирам дека ние обезбедивме јавниот обвинител да се бира непосредно од обвинителската фела. Политичарите да ги тргнат рацете од судско-обвинителскиот систем. ја дефинираме и дисциплинската постапка. Да потсетам дека СЈО беше формирано и предвидено да има временски карактер од пет години. Во таа насока сакам да кажам дека околу Талир 1 и Талир 2 во член 108 предвидовме дека сите предмети кои беа во надлежност на СЈО се трансферираат во ЈО, но не и надлежностите, затоа што СЈО имаше времен карактер кој во септември истекува. Сите инсинуации дека Талир 1 и 2 ќе заврши се тотално погрешни. Тие случаи ќе продолжат, но само засновани врз материјални докази- вели Александрова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега