Стоилковски: Државната ревизија ја разобличи црната кампања на СДСМ

Не запира производството и пропагандата со лажни вести од СДСМ, но не запира ниту вистината за нивните лаги со кои го трујат општеството, рече денеска на прес конференција потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека според наодите на овластениот државен ревизор, по извршената ревизија на финансискиот извештај за изборната кампања за претседателските избори на кандидатот Гордана Сиљаноска Давкова цитирам:

„Активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај... во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“, наведе Стоилковски.

„Извештајот на овластениот државен ревизор, ги демаскира изнесените лаги од бункерот на СДСМ континуирано пуштани со една единствена цел: ширење на лажни вести и оцрнување на опозицијата кај граѓаните. Со ова се разобличени лагите на СДСМ за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Гордана Сиљаноска Давкова и постоење на незаконски долг од 400.000 евра. Со ова се демаскира лажната кампања на СДСМ за поврзување на ВМРО-ДПМНЕ со незаконско работење и уште повеќе, со поврзување на опозицијата со актуелниот рекетарско мафијашки скандал што ја тресе спрегата меѓу обвинителството- судството и криминалниот октопод на СДСМ!“ рече Стоилковски

Тој потенцираше дека би побарале, но знаат дека никој во СДСМ нема доблест, да се извини и за оваа лага и кампања за ширење на лажни вести, да се извини и до ВМРО-ДПМНЕ, до генералниот секретар и кандидатот за претседател, но и да се извини до граѓаните за континуирано ширење на лаги и конструкции со кои намерно ги нарушуваат угледот и честа на политичките неистомисленици.

„Немаат доблест, немаат чесност, немаат образ. И затоа на 12 април ќе понесат одговорност прво пред граѓаните, а потоа и низ институциите. Заев и СДСМ се виновни за сите порази, за сите криминали за сите измами,  Заев и СДСМ никогаш повеќе“ рече Наум Стоилковски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега