СДСМ: Во време на ВМРО-ДПМНЕ се затворија над 10.000 фирми, а денес работат против повисоки плати и нови работни места

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека нема што да им понуди на граѓаните освен обнова на режимот и криминалот, велат од СДСМ.

-Токму за  времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски  беа затворени над 10.000 фирми, а приватниот сектор постојано беше под притисок од драконски казни и новоизмислени давачки. И додека домашните компании едвај преживуваа, Груевски низ државава носеше лажни странски инвеститори од типот на сомнителните Субрата Рој и Моше Баум со кои се направи дополнителна штета врз граѓаните и буџетот на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само го продолжуваат патот кој им го трасираше Никола Груевски, како и оти на нивното лицемерие и лажна загриженост им нема крај.

-Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата – кочничар  која беше против носењето на новите законски решенија за повисока минимална плата, раст на платите и пензиите, а како последно и е кочењето на растот на платите во високото образование за 10% што ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира во Собранието.
Бесмислено е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за затворање на компании и да глуми загриженост за вработените во истите, кога оваа партија не покажа загриженост и не презеде мерки тогаш кога требаше. Затоа, граѓаните на 12 април ќе порачаат режим - никогаш повеќе, се вели во соопштенито од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега