Муцунски: Зошто МНР немаше жестока реакција за промоцијата на новата трговска марка и Грција го прекрши Преспанскиот Договор?
Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Топ Тема„ зборуваше за Преспанскиот Договор при што посочи дека во врска со овој договор СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат различен став и различни толкувања на тоа што значи заштита на национални интереси.
– Еве да навлеземе во содржината на овој договор кој што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека се злоупотребуваат и повредуваат националните интереси, дека е навредлив по својата содржина, но факт е дека можеби на еден шверцерски начин дека истиот е ратификуван во Собранието, истакна Муцунски.
Тој во своето гостување зборување и за прес конференцијата на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи каде укажа на тоа како што кажа и министерката дека била табла која и претходно била во министерството.
-Мене тоа ми е многу логично бидејќи претпоставувам дека сега вицепремиерката Царовска подетално го прочитала Преспанскиот Договор во кој што е предвиден согласно истиот политички преоден период кој што се однесува на сите документи и материјали за внатрешна употреба и вели дека тој процес треба да се заврши при отварањето на секое поглавје на релевантно поле во преговорите и ќе биде финализирано во рок од 5 години оттогаш. Оттука заклучок е дека согласно овој договор кој е ратификуван во нашето Собрание нема обврска по мое толкување биде смената оваа табла, потенцираше тој.
Муцунски посочи дека со промоцијата на новата трговска марка Грција експлицитно го прекршува член 3 точка Ж каде што е предвидено формирање на меѓународна група на експерти од претставници на двете држави кои ќе ги разгледуваат тие две прашања и оттука се поставува прашањето зошто од МНР немаше таква жестока реакција која друга страна го прекрши договорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа