Николоски: Јовевски одамна го изгуби кредибилитетот да зборува за што било

Во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека Јовевски е верен слуга на СДСМ и на Зоран Заев кој што ги извршува нивните наредби, а тоа македонската јавност го гледа.

-Јовевски одамна го изгуби кредибилитетот да зборува за било што. Обвинител кој што прифаќа писмо кое што никој не го видел од страна на обвинител кој што е во притвор да пренесува предмети, тука треба да престанеме за зборуваме за неговиот интегритет, заклучи Николоски.

Николоски додаде дека Јовевски едно говори, но во законот пишува друго. Ако пишува „сите“ тоа треба да значи сите.

-Ова значи за македонската јавност дека Зоран Заев прави амнестија за себе, прави амнестија за Боки 13, прави амнестија за Катица Јанева, прави амнестија за Драги Рашковски, прави амнестија за Курто Дудуш и да не ги набројувам сите функционери на СДСМ кои што се затекнати за Венко Филипче, за Ден Дончев во „Рекет 2“ или ако сакате во аферата „Вирус“ или сите оние останати афери кои што излегоа пред очите на јавност. Или ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ или пак ги вадеа медиумите, појасни Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на се тоа не може да се согласи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега