СДСМ: Само извршителот Мицкоски не се израдува, не честиташе и не аплаудираше за членството во НАТО

Додека сите граѓани се радуваат и гласно го поздравуваат големиот успех на државата ,членството во НАТО, само Мицковски - извршителот на Груевски стои осамено, велат преку соопштение од СДСМ.

„Додека во собраниската сала сите си честитаат горди на успехот на државата, само Мицковски се` друго прави, само не се радува, не честита, не аплаудира. Извршителот Мицкоски ќе остане запаметен во историјата како губнитник кој не се израдува на успехот на државата! Срамно но и очекувано од Мицкоски, извршителот на Никола Груевски. Ова е голем успех за СДСМ и за претседателот Зоран Заев но истовремено е и голем пораз за погубните политики на Мицкоски и Груевски за изолација и враќање назад“ велат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат, тие еден чекор назад, ние три чекори напред!

„На 12 април следува уште еден пораз за извршителот Мицкоски. Враќање назад нема ! Продолжуваме напред кон НАТО и ЕУ!“стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега