Милошоски објави аудио разговор: Заев го прашувал Боки 13 од каде му се парите

Антонио Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања презентираше аудио снимка на која тврди дека може да се чуе гласот на екс премиерот Зоран Заев. Тој утрово на новинарите во Собранието, им сподели транскрипт.

На снимката може да се чуе како Заев зборува за комуникација со Јовановски во која го прашал од каде му се парите на што Јовановски му одговара дека ги добил од некој од Хрватска но и од Силјан Мицески за изградба на старечките домови, што е предмет на истрага во случајот Рекет. Според снимката, тогашниот премиер признава дека во повеќе наврати му помагал во телевизијата со прибирање на пари од маркетинг.

Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс премиерот бил во комуникација со првообвинетиот за Рекет, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.

Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме.

„Зоран Заев- Но, му требаат пари во тоа телевизијата и.

Зоран Заев- Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

Зоран Заев- Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

Зоран Заев- Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година“ се вели во текстот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега