Села- Дукс: 12 април треба да сведочи за демократијата во земјата

Денес, во канцелариите на Алијанса за Албанците, претседателот Села го причека на официјална средба унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс, известуваат од партијата.

На состанокот тема на дискусија беа предвремените избори, како и општата политичка состојба во земјата.

„Во врска со ова, претседателот Села истакна дека предвремените избори на 12 април се резултат на потребата за нови политики во земјата и реформите што ќе обезбедат стабилност и безбедност во земјата. Тој додаде дека 12 април треба да сведочи за демократијата во земјата преку слободни и демократски избори.

Посебен акцент беше даден на потребата за реформи во судството, образование, инфраструктура, еднаквоста во администрацијата, економска еднаквост, слобода на медиумите и целосното достигнување на владеењето на правото; со цел државата да биде што е можно попривлечна за самиот народ со цел да се спречи и миграцијата на младите луѓе.

Претседателот Села му се заблагодари на унгарскиот амбасадор Ласло Дукс за целата поддршка што Унгарија и ја даде на Северна Македонија на патот кон членството во НАТО и ЕУ“ велат од Алијанса за Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега