Адеми: За две и пол години ја донесовме земјата од изолација до интеграција

За две и пол години ја донесовме земјата од изолација до интеграција, истакна во Ресен претседателот на партиската комисијата на СДСМ за надворешна политика, Едмонд Адеми.

На Трибината „Агенда 20-24“ рече дека Балканот во минатото произведувал повеќе историја отколку иднина, имал повеќе проблеми, отколку решенија, како и оти сега Европа може да учи од Балканот.

-Тридецениската изолација на земјата ја прекинаа двајца храбри луѓе – Зоран Заев и Алексис Цитрас, кои ги подадоа рака и го потпишаа Преспанскиот договор, кој ги подобри односите со Грција и ја одблокира интеграцијата на државата, рече Адеми, додавајќи дека наместо противник, добивме вреден сојузник.

-Собранието го ратификуваше Северно-атлантскиот договор и Република Северна Македонија стана 30-та членка на најмоќниот воен сојуз на светот – НАТО и со новосоздадениот контекст, ние добиваме долгорочен мир, стабилност и безбедност, нагласи Адеми на програмската трибина 20-24, на тема Бенефитите од потпишувањето на Преспанскиот договор, претседателот на комисијата за надворешна политика на СДСМ Едмонд Адеми.

12.02.2020 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега