Гошаревски: Преспанското Езеро нѐ разединуваше, а сега стана обединувачки фактор

Од изолација до интеграција е заклучокот од програмската трибина „Агенда 20-24организирана од СДСМ, посветена на развојот на преспанскиот регион.

Градоначалникот на Ресен, Жарко Гошаревски ги презентираше идејните решенија за развој на преспанскиот регион коишто настанале во соработка со Европската унија, набрзо по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Рече дека бил свесен оти после тој голем ден, ништо нема да биде исто, бидејќи таквите настани се случуваат еднаш во 100 години.

-Уште тогаш знаев дека Преспа веќе нема да биде иста и тоа се покажа со потпишувањето. И ретроспективно ако гледам, големината на тој момент што го почувствував покрај сите тие гости, баш тука во нашата општина, е оној момент кога знаеш дека после ова нема ништо да е исто. Како градоначалник на Ресен работите ги гледав и локално , што ние можеме како ресенчани да добиеме од него. Преспа беше најбарано име на порталите, најчесто употребуван збор од политичарите и максимално се трудев да го искористам тој момент, рече Гошаревски.

Вели дека остварил контакт со Еврокомесарот Јоханес Хан кој бил воодушевен од Преспа. Истакна и дека зборувајќи за потенцијалите на Преспа, му заблагодарил на Хан за финансиската помош од европските фондови.

-Имавме долго време Езеро кое не раздвојуваше а сега стана обединувачки фактор, рече Гошаревски и додаде дека по разговорот со Хан во Преспа пристигнале консултанти кои изготвиле финална студија според потребите и информациите од невладините организации, земјоделски здруженија и др.

Развој на земјоделството, развој на туризмот и заштита на животна средина е фокусот за реализација во преспанскиот регион, кажа Гошаревски.

Тој изрази посебно задоволство што во целиот процес е вклучена и Влада. После разговорите со премиерот Зоран Заев дека ЕУ покрива финансиски до 85 отсто од потребните средства, формирано е тело во рамки на Владата за поддршка на развојот на преспанскиот регион, чијшто координатор е Едмонд Адеми,

Гошаревски рече дека мора да се заштити Преспанското Езеро. Најави изградба на пречистителни станици, канализација и изградба на инфраструктура.

12.02.2020 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега