СДСМ: Ја остваруваме тридецениската стратешка цел - Република Северна Македонија 30 земја членка на НАТО

СДСМ за само 2,5 години како парламентарно мнозинство и како власт покажа дека може да ги решава децениските отворени прашања, но и да ја постави државата цврсто на патот кон ЕУ и НАТО, велат утринава преку соопштение СДСМ.

Од партијата велат дека со ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол во Собранието на Република Северна Македонија остварена е тридецениска стратешка заложба на земјата за интеграција во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО.

„Нашата држава е рамноправен партнер на НАТО, што значи не само безбедност, стабилност и сигурност, туку и повеќе странски инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните. Сепак и во овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе останат запаметени како кочничари на процесот за пристапување кон НАТО и процесот за интеграција кон ЕУ. Тоа го покажаа и во Собранието кога само Мицкоски и неколку негови послушници не аплаудираа на ратификацијата со која се заокружува членството во НАТО. Република Северна Македонија со крупни чекори продолжува напред кон развој и напредок, кон интеграција во ЕУ, а ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол е дополнителен мотив да продолжиме уште попосветено да работиме за граѓаните и државата. СДСМ останува силно посветен на реализација на реформите што обезбедуваат економски раст и развој, напредок и подобар живот за граѓаните“ стои во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега