Зекири: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја обновија коалицијата

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири порача дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновиле нивната криминална коалиција.

 „Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ. ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови. Сеамота!“, напишува Зекири во неговата реакција на социјалните мрежи.

Реакцијата на пратеникот доаѓа откако доцна вечерва по само 15 минути од почетокот на собраниската седница за законот за ЈО и за измените на Законот за Советот на јавни обвинители, претседателот на Собранието, Џафери ја прекина седницата и закажа продолжение за денес во 11 часот.

Реакција имаше и од пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски, кој порача Џафери да си ја врши работата како што доликува.

Веднаш потоа пратеникот од ДУИ Артан Груби почувствува потреба да се оправда и преку својот Фејсбук профил ја убедуваше јавноста дека ДУИ ги поддржува законите за јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинители, за одбрана  и Изборниот законик.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега