Митрески: Никој не смее да се дрзне да блокира и опструира, Законот за ЈО и другите важни закони да се донесат

Денеска пред пратениците е Законот за јавно обвинителство кој е темел на реформите во правосудството и кој гарантира неселективна правда и одговорност за сите, рече на прес конференција  Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ
 
„Правниот систем добива трајно решение без потреба од специјални институции и ад хок експериментални решенија Овој Закон но и другите закони важни за реформите мора да се најдат пред пратениците. Мора да се обезбедат услови пратениците да се изјаснат по ова прашање и тоа да биде донесено. Никој не смее да се дрзне одново да блокира и опструира. Со тоа се опструира правдата, а државата се враќа назад “ рече Митрески.
 
Тој наведе дека мора да се обезбедат услови за гласање, затоа што долго се работеше на ова законско решение зад кое застанаа и нашите пријатели од САД и ЕУ.
 
„Пред граѓаните ветивме правда и неселективна борба против криминалот, граѓаните тоа го очекуваат и ова е шанса тоа и да го оствариме. Денешната седница е можност да видиме кој е навистина за правда, а кој е за одбрана на криминалот. Република Северна Македонија продолжува со крупни чекори напред. Нема да ја вратат назад структурите кои се плашат од правда кои се за одбрана на криминалот и обнова на режимот. Како одговорна партија, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, на правдата и државата“ рече Митрески.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега