ФОТО: Милошоски со љубовен транспарент за „Рекет“ на собраниската говорница

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на говорницата во Собранието, каде се разгледува Предлог законот за јавно обвинителство, приложи љубовен транспарент од актуелниот судски процес „Рекет“.

Милошоски го покажа пред пратениците транспарент кој, како што рече, е пригоден по повод денешниот Ден на вљубените.

Антонио Милошоски, исто така, сакаше да пушти „бомба“ за вмешаност на Заев во случајот „Рекет“, меѓутоа претседателот Талат Џафери не му дозволи.

-Тука не е место за пуштање на вакви материјали. Има институции каде може да пријавите- рече Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега