СДСМ: Со номинацијата на Дескоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна, не се прекршени закони

Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шират лаги и невистини во обид да ги манипулираат граѓаните и да ја прикријат својата неспособност и криминалите, велат преку соопштение од СДСМ.

Тие велат дека нема судир на интереси во врска со  номинирањето на актуелната министерка за правда Рената Дескоска за претставник во Венециската комисија заклучи Државната агенција за спречување корупција, разгледувајќи ја претставката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со номинацијата на Дескоска, која ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како скандалозна, не се прекршени закони и меѓународни прописи во врска со судир на интереси, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата. Нема ништо спорно ниту во постапката за номинација од страна на владата, бидејќи владата за прв пат номинирала претставник во Венецијанската комисија во 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја избра Тања Каракамишева Јовановска.Со ова ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не се за почитување на законите, владеење на правото и правната држава, туку ги толкуваат законите како што им одговара, ги  манипулираат граѓаните за да си го вратат режимот и да управуваат со сваровски судството. Граѓаните ја гледаат дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега