СДСМ: Со разрешувањето на Мизрахи заштитен е Уставот

СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија за разрешување на сега веќе поранешната техничка министерка за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, велат од СДСМ.

Со ова, посочуваат, зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи.

-Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот. Членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ. Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока. Нема враќање назад, продолжуваме напред, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега