Каевски: СДСМ посветено и континуирано работи на подобрување на студентскиот стандард

Претседателот на СДММ, Дарко Каевски вели дека партијата посветено и континуирано работи на подобрување и унапредување на студенскиот стандард.

Вели дека блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и пуштени во употреба, со што, како што рече, најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен.

-Блоковите се реновирани по современи стандарди и овозможуваат идеални услови за живеење на студентите. Покрај реновираните соби, пренаменети се помошните заеднички простории во простории за рекреативни активности. Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии, вели Каевски.

Посочи дека со реновирањето, „Гоце Делчев“ стана и енергетски ефикасен.

-Енергетски ефикасна ќе биде и зградата на домот „Кузман Јосифовски-Питу“. Во крајна фаза е проектот за студентскиот комплекс „Стив Наумов“, каде што целосно ќе се реновираат зградата 1 и зградата 2.Минатата година е потпишан договор за реновирање на седум студентски домови и тоа во Битола, Охрид, Штип Прилеп и во Скопје. Проектот вреден 25 милиони евра, почнува оваа година, а ќе се финализира 2024, рече Каевски.

Според него, СДСМ инвестира во подобрување на студентскиот стандард, креира и реализира младински мерки што го подобруваат животниот стандард на младите. Со тоа, вели Каевски, партијата покажува дека е на прав пат.

15.02.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега