СДСМ: Да не помислува извршителот Мицкоски да ја злоупотребува националната и родова припадност на Мизрахи, Уставот и законите важат за сите подеднакво

Да не помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ осомничените Милошоски и Димовски, велат од СДСМ.

Според партијата, тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собрание и преку медиумите покажуваат колку се во паника, како што велат, извршителите на Груевски.

-Победи владеењето на правото и заштитата на Уставот, победи заштитата на стечајците, на иднината на државата и членството во НАТО и ЕУ. Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја враќа земјата назад, да ја оддалечува од НАТО и ЕУ. Пред Уставот и законот сите се исти. Уставот важи за сите подеднакво.Северна Македонија мора да биде правна држава, рамо до рамо со европските демократски држави, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2020 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега