ВМРО-ДПМНЕ: Стравот на Зоран Заев од соочување со македонскиот народ е голем и затоа по секоја цена бега од избори

Стравот на Зоран Заев од соочување со македонскиот народ е голем и затоа по секоја цена бега од избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, откако беа договорени изборите Заев покажува дека е способен да ги направи и најниските работи, само за да не одговара пред законите и граѓаните на Република Македонија.

-Зоран Заев го претвори Собранието во пазар каде тргува со секој глас преку разни притисоци, изнуди и закани се со цел да донесе закон кој ќе го амнестира за сите криминали во кои е заплеткан. Заев е свесен дека на сите им е јасно дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод и токму затоа му се брза за Законот за јавно обвинителство во кој го гледа единствениот спас за сопствениот криминал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму појаснуваат дека снимката која беше објавена во јавноста покажува оти Заев лично во повеќе наврати ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски, кој, како што велат, рекетираше бизнисмени ветувајќи им слобода во замена за пари.

-Повеќе од очигледна е спрегата на Заев со осомничените во „Рекет“  Бојан Јовановски и Катица Јанева и токму тоа е причината поради која тој ги забранува со закон само снимките во кои се слуша како ги помага и како тие зборуваат дека е зборено со него и тој за се знае. Законот за Јавно обвинителство кој СДСМ го носи не е добар ниту за државата ниту за граѓаните туку единствено за Зоран Заев и криминалната рекетарска банда околу него. Затоа избори мора да има бидејќи Република Македонија и граѓаните не смеат повеќе да бидат заложници на криминалот на Зоран Заев и неговата желба за лично богатење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека Заев и СДСМ се виновни за сите порази, погазено достоинство и криминални кои ја зацрнија Македонија изминативе три години.

-Заев и СДСМ мора да се соочат со граѓаните на 12 април кога ќе бидат испратени на темната страна во политичката историја, а тогаш доаѓа обнова на Македонија и одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во дописот од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега