СДСМ: Ние сме отворена партија, ги повикуваме сите да се самокандидираат за пратеник и пратеничка

 

СДСМ започна постапки за избор на најодговорните кандидати и кандидатки за пратеници во историјата од независноста па досега, велат од партијата.

Оттаму посочуваат дека заедно со нив ќе одат во нова победа и ќе продолжат со политики што ја водат државата напред.

- За првпат настапуваме со целосна еднаквост на мажи и жени на пратеничките листи. Воведуваме 50-50 сооднос меѓу мажи и жени преку патент систем и уште повеќе ја зголемуваме еднаквоста. Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни. Тоа доликува на секоја прогресивна партија и секое прогресивно општество како нашето, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека и покрај номинирањето од партиските тела и органи воведуваме можност и за само кандидирање.

-Сите жени кои ги делат социјалдемократските идеали, кои имаат желба и сила да работат за граѓаните. Кои уживаат углед и се препознаени како чесни вредни и успешни да ни се приклучат. СДСМ е отворена, транспарентна партија која знае  да препознае квалитет затоа ги повикуваме сите да ја искористат можноста и да се кандидираат за пратеник, за пратеничка. Ве повикуваме да ја посетете нашата веб-страница за да се запознаете со роковите, условите и критериумите за самокандидирање, се вели во дописот.

-Приклучете се, да изградиме силен, независен парламент кој ќе продолжи да создава услови за целосна еднаквост меѓу мажите и жените. Парламент кој ќе носи позитивни промени и преку системски решенија ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани. Да продолжиме на правиот пат, мажи и жени еднакви, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега