Шахпаска: Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Мизрахи заштитен е Уставот

Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи заштитен е Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, заштитена е интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата, истакна пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.

Вели дека Македонија е 30. земја-членка на НАТо и на чекор до преговори со ЕУ.

-Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси. Владеењето на правото и правната држава подразбира одговорност и одговорност мора да има. Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата, рече Шахпаска.

Според неа, заштитени се интересите на стечајните работници.

стите оние за кои таа даде негативно мислење и заедно со Владимир Ѓорчев не дозволуваше да се прошири опфатот на стечајци кои добиваат месечен надомест. Да не ни помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, осомничените Милошоски и Димовски. Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка, физичка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски, рече Шахпаска, додавајќи пред Уставот и законот сите се исти.

 Вели дека нема да дозволат извршителите на Груевски да го загрозат членството во НАТО и ЕУ, да ја загрозат иднината на земјата.

-Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред.Северна Македонија ќе биде правна држава, рамо до рамо со европските демократски држави, рече Шахпаска.

15.02.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега