Јанушев: Наместо да решава проблеми на граѓаните, криминално рекетарската банда на Заев шири антисемитизам

 

Мизеријата на криминално-рекетарската банда на Заев продолжува, после се она што го видовме со случувањата последните денови во собранието, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Вели дека продолжувањето со ширење на шовинизам и антисемитизам дополнително го поделуваат македонското општество. Според него, тоа е ставот на граѓаните.

-Денеска сме во посета на општината Чешиново-Облешево, ги посетивме населените места Соколарци и Облешево, разговаравме со граѓаните, разговаравме со земјоделците пред се. Но, она што овие денови ја тишти цела Република Македонија се токму овие последни случувања и она што го кажав пред малку што е всушност ставот на граѓаните. Имаме да порачаме дека за сите овие злодела, за се ова што го прават ќе одговараат. 12-ти април е денот којшто доаѓа за нешто повеќе од 50-тина денови од денеска, народот си доаѓа по своето и народот ќе ја казни оваа криминално-рекетарска банда на власт. А сите оние коишто се огрешија, сите оние коишто придонесоа за уништување на македонската држава ќе одговараат после 12-ти април, рече Јанушев.

15.02.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега