ДУИ: Села, Касами и ВМРО-ДПМНЕ да не се спротиставуваат на Законот за ЈО

Демократската Унија за Интеграција изразува силно разочарување за одбивниот став на опозициската партија Беса и нашиот поранешен владин партнер Алијансата за Албанците како и за опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство и ги повикува овие три партии да го променат нивниот став за овој закон и да гласаат „За“, велат од ДУИ

Според партијата, овој закон, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители ќе го запечати датумот за почеток на преговорите со Европската унија. Велат дека ниту една партија не смее да ја ризикува сигурната иднина на земјата и на нашите граѓани.

-Двата закони ја гарантираат службената употреба на Албанскиот јазик, изборот на обвинителите со двојно мнозинство како и правичната застапеност на албанците во обвинителството. Одговорноста на политичките партии е многу голема и нивната подршка за овие закони од кои зависи нашата европска иднина не смее да биде случај на ситен партиски опортунизам и антиевропианизам. Приоритет на ДУИ е неселективната правда, Ветингот, владеење на правото, враќањето на довербата во судството и обвинителството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, затоа, без ниту една резерва, ДУИ го подржува овој закон како следен напор за постигнување на горенаведените приоритети, но и за отварање на европската врата за нашата земја, се вели во соопштението од ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега