СДСМ: Мицкоски по налог Груевски се обидува да го заштити криминалот

Денеска во Собранието е Законот за Јавно обвинителство кој е темел за вистинска, неселективна правда и правосудството, велат од СДСМ.

Од партијата тврдат дека пратениците на СДСМ и коалицијата се на страната на правдата, на страната на владеењето на правото, силна правна држава и независно судство.

-Од друга страна е извршителот Христијан Мицкоски кој по налог на неговиот шеф, Никола Груевски, се обидува да го заштити криминалот на режимот и да ја попречи правдата. Но мисијата на извршителот Мицкоски да го спаси од одговорност Груевски и неговите пајташи од ВМРО-ДПМНЕ нема да успее. Пратениците да бидат одговорни, да се стават на страната на правната држава и да го поддржат Законот за јавно обвинителство, зад кој застанаа и пријателите на нашата земја, ЕУ и САД, се вели во соопштението од СДСМ.

Посочуваат дека со Законот за Јавно обвинителство се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а, како што велат, постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

-Аудио материјалите остануваат докази во случаите на СЈО покренати до 30.06.2017 година како што беше предвидено со самото основање на СЈО.Нема да има скриена амнестија за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите. Усвојувањето на Законот значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и приближувањето до ЕУ. Обврска на сите пратеници е да обезбедат целосно владеење на правото и силно независно судство. Продолжуваме напред, нема враќање назад, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега