ВМРО-ДПМНЕ: Законот за ЈО штетен, селективен и спротивен на Уставот

Република Македонија и законодавниот дом не смеат никогаш повеќе да бидат заложници на криминалот, изнудите и тргувањето со националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што шверцерски, преку непринцишиелни пазарења, состави мнозинство за да дојде на власт и за да ја заобиколи волјата на граѓаните, така и на крајот од неговото владеење, Заев со уцени, закани и поткуп се обидува да обезбеди поддршка на сопствената амнестија. Зоран Заев по насилен, неуставен и шверцерски пат преку своите слуги сака да донесе Законот за јавно обвинителство се со цел тој да се спаси од одговорност за сите криминални афери и скандали, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Заев ги злоупотребува институциите и во Законот за Јавно обвинителство гледа последна шанса за спас кога ќе падне од власт.

-Законот е штетен и селективен, спротивен на Уставот, а тоа го потврдија и универзитетски професори, докажани во својата професија. Интерес на сите граѓани во Република Македонија е владеење на правото, развиена и стабилна економија, а не насилство, уцени, и агресија од страна на криминално рекетарската власт на СДСМ и Заев. 12 април е денот кога ќе се стави крај на политичката криза, нестабилноста и несигурноста која што ја создава СДСМ и крај на политичката кариера на Заев. На 12 април следува обнова на Македонија.Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега