СДСМ: Со разрешувањето на Мизрахи се заштитени интересите на граѓаните

Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи Собранието го заштити Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, ја заштити интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата, велат од СДСМ.

-Заштитени се и интересите на стечајните работници, истите оние за кои Мизрахи даде негативно мислење и заедно со Владимир Ѓорчев не дозволуваше да се прошири опфатот на стечајци кои добиваат месечен надомест. Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека владеењето на правото и правната држава подразбира дека одговорност мора да има.

-Да не ни помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, осомничените Милошоски и Димовски. Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка, физичка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски. Нема да дозволиме извршителите на Груевски да го загрозат членството во НАТО и ЕУ, да ја загрозат иднината на земјата. Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега