Мисајловски: Се продава правото, се продава правдата за Заев да се спаси

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ги слушна проблемите на жителите на општина Шуто Оризари.

-Ние од ВМРО-ДПМНЕ постојано сме на терен и добро е што ги слушаме граѓаните, нивните размислувања но и нивните критики па се разбира со една цел како да станеме подобри  и се разбира да победиме на 12 април. Изборите ќе се случат набрзо, гледате што се случува во собранието. Еден голем пазар кој денеска тука во Шуто Оризари го констатиравме дека на пазарот во Шутка тоа не се случува.  Се продава правото, се продава правдата, се лицитира со закони и само за една цел да се спаси Заев и таа свита околу него како да побегне од избори да не одговара за сите криминали што ги направија овие три години, рече Мисајловски.

Вели дека во Шуто Оризари недостасуваат многу проекти, нови улици, нова инфраструктура.

-Денеска драго ми е и што поранешниот градоначалник Коце Трајановски беше тука со мене каде што навистина  многу допринел како човек, но и како градоначалник за овие граѓани. Ни требаат луѓе кои што навистина ќе се грижат. Овие дупки што ги има на секоја улица и ниту еден проект за овие граѓани тоа да стане минато. Ни треба свежа енергија и драго ми е и што комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари се труди многу да ги посети граѓаните, да ја приближи нашата програма и да бидеме што повеќе, рече Мисајловски.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија за сите граѓани.

-Ние имаме една добра основа една добра подлога и тоа ќе го направиме. Шуто Оризари сака нови промени,  сакаат подобра Македонија. Ние сите тука заедно сме  Република Македонија. Може да не разрешуваат во Собрание сите до еден, но секогаш  ќе има човек кој што ќе се бори за Македонија, бидејќи ние сите сме ВМРО-ДПМНЕ и заеднички сме граѓани на Република Македонија, рече Мисајловски.

16.02.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега