Независна пратеничка група: Законот за ЈО клучен при изготвувањето на извештајот за напредокот на Македонија

Законот за Јавно обвинителств е од исклучително значење за нашата земја на патот кон евроинтеграциите што пак е без исклучок избор на сите граѓани, се вели во соопштението од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека носењето на овој закон ќе биде и најверојатно клучниот момент при изготвувањето на извештајот за напредокот на Македонија што ќе биде доставен до советот на министри на ЕУ.

-Исто така во текот на вчерашниот ден слушнавме изјава на еден од клучните лидери на земја која во октомври минатата година не дадоа зелено светло за отпочнување на преговори на нашата држава со ЕУ, дека доколку извештајот на министри биде позитивен Македонија ќе добие датум за преговори. Исто така убедени сме дека оваа материја мора да биде уредена бидејќи вака како што се водат постапките и функционира правосудно-обвинителскиот систем состојбата не е добра, особено не за тие што се обвинети, се вели во соопштението.

Од Независната пратеничка група велат дека Законот во иднина ќе биде водилка во натамошните процеси.

 -Ние од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата после нашите консултации со експерти, јавната расправа, разгледувањето на забелешките што во минатиот период ги предлагаше опозицијата и расправата во собранието каде сите ги соочивме аргументиите за и против, повеќе од убедени сме дека вградивме суштински и добри забелешки во законот кои во иднина ќе допринесат правото и правдата да бидат водилка во натамошните процеси, определивме дополнителен рок за усогласување на нашето законодавство со европското со што дополнително ќе се анулираат одредени решенија во други закони кои можеа да бидат злоупотребени во политички цели и конечно дадовме одложен рок на примена, и доколку на било која политичка гарнитура што утре ќе победи и мисли дека треба да направи дополнителни промени во законот ќе има можност да го стори истото. Заради сите овие причини ние го поддржавме овој закон со чиста совест, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега