Јанушев: Заев и СДСМ на криминален начин носат закони во Собрание

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска беше во посета на кочанскиот регион.

- Разговараме со луѓето и морам да ја пренесам горчината пред се во однос на последните случувања коишто ги имавме во Собранието на Република Македонија, оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието, рече Јанушев.

Вели дека народот тоа го гледа и им ја праќа пораката дека ќе дојде по своето на 12 април, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе издвојува убедива победа.

- И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас. Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 %.  Во Македонија доаѓа обновата, 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето.

16.02.2020 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега