ВМРО-ДПМНЕ: Зеќири потврди дека Кичеец се сретнал со братот на Заев и адвокат близок до него
На лагата и се кратки нозете, а последната на патолошкиот лажго Заев траеше само еден ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири вечерва ја потврдил, како што велат, крими средбата помеѓу Вице Заев, адвокат близок до Зоран Заев и веќе осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески Кичеец.
-Вчера по пресот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посветен токму на ПИ-мерките на кои е документирана средбата помеѓу Вице Заев и Зоки Кичеец, СДСМ преку партиско соопштение дрско излажа и ја манипулираше македонската јавност обвинувајќи дека без основа било посочено семејството на Зоран Заев. Од СДСМ обвинија и за ширење на лажни вести, а денес Зекири потврди дека СДСМ е изворот на сите лажни вести во Република Македонија и дека таква средба се случила. Целата македонска јавност заслужува одговор на прашањето што разговарал братот на тогашниот премиер со човек кој е веќе осуден за милионски рекет. Повеќе од јасно е дека Зоран Заев е главата на октоподот, човекот кај кој заврши торбата Луј Витон и уште многу други такви торби полни милиони украдени пари. Се ближи 12 апри, сите кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои изминативе три години се ставија во заштита на истиот, се вели соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа