Шекеринска: Сто пати повторената лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да стане вистина

ВМРО ДПМНЕ ќе лажат секој ден затоа што само лагите им останаа. Не можеа да најдат никаква забелешка на постапката. Не можеа да кажат дека е во четири очи. Не можеа да скријат дека имало конкуренција и наддавање. Не можеа да објаснат зошто 11 години ја запоставиле Армијата без ниту една инжинериска машина. И уште добија најдиректен демант дека купената машина воопшто не е иста како таа со која споредуваат, се вели во реакцијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Трет ден ќе им повториме - се работи за различна машина. Споредувате неспоредливо за да ја покриете својата неспособност. Ако имало поефтини машини кои ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна.

И затоа им остана да продолжат да лажат. Очигледно членството во НАТО кое не успеаа да го попречат многу ги боли. Како што ги болат повисоките плати и пензии во Армијата, исплатените станарина и дневници кои ги ветуваа а никогаш не ги остварија. Ги боли очигледната разлика и вниманието од државата кое припадниците на Армијата за прв пат го почувствуваа и на последниот оглас за прием на војници се пријавија десет пати повеќе кандидати. 

Сто пати повторената лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да стане вистина“, стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега