Милошоски најави прес-конференција на која ќе ги објави прислушуваните материјали

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави прес-конференција денеска во 11:00 часот во прес-салата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе ги објави прислушкуваните материјали на кои се слуша гласот на експремиерот Зоран Заев..

„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Минатата недела тој овие материјали ѝ ги предаде на обвинителката Вилма Рускоска и  рече дека добил ветување дека материјалот ќе се користи како доказ во случајот Меѓународен сојуз каде осомничени се Боки 13, неговиот татко, како и Фросина Ременски.

– Обвинителката беше коректна, направи записник по предадениот материјал и рече дека ќе го вклучи во истрагата за Меѓународниот сојуз. Како што кажав, овие записи покажуваат дека
Зоран Заев знаел за финансирањето на оваа невладина организација и на 1ТВ, рече Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега