ВМРО-ДПМНЕ: Политичката кариера на Зоран Заев е завршена

СДСМ во полето на енергетиката како и на сите останати полиња и донесе на државата само порази. Изминатите три години владеењето на СДСМ ќе остане запаметено по партиските вработувања во ЕЛЕМ, продажбата на Тиквешкото езеро и низа други скандали кои им нанесоа штета на интересите на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите се сеќаваме на хавариите во РЕК Битола, тендерите за Анѓушев и фамилијата Заеви. СДСМ ќе остане запаметено по покачената акциза за горивата преку која директно влијаеше на осиромашувањето на македонските граѓани.

Заев со неговото бандитско и мафијашко работење изминативе три години преставуваше бреме кое ја влечеше Република Македонија надоле и ја оддалечуваше државата од европската иднина. Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Што побрзо се повлече од политичката сцена и од СДСМ толку подобро ќе биде за државата и за неговата матична партија.

Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела“ се вели во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега