СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ должи осум милиони евра

И на толку крадење криминалната партија ВМРО-ДПМНЕ е потоната во долгови.  Самите си признаа дека имаат неплатен долг од фантастични осум милиони евра, направен во изминатите неколку години, велат во соопштение од СДСМ.

„Јавното признание на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, дека овој долг  е направен главно за изборни цели, отвора сериозни сомнежи за незаконско работење на партијата на Христијан Мицковски. Ако е навистина така тогаш се прекршени бројни законски прописи. Впрочем, не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да должи пари за избори. Јавноста знае како ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност. Неодамна финансискиот извештај на ВМРО ДПМНЕ за кандидатката Гордана Сиљановска Давкова беше затворен со долг од 400.000 евра. И за овој случај треба да има одговорни“ се вели во соопштението.

Од партијата велат дека за време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државата тројно се зголеми во период од 11 години.

„Ако својата партија ја задолжиле со осум милиони евра, тогаш може да се претпостави што би направиле извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски ако повторно му се доближат  државниот буџет. Затоа граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 12 април тие нема да дозволат извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат државата. На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!“ наведуваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега