СДСМ и Беса на чекор до прва македонско-албанска предизборна коалиција

Викендов во разговори на високи партиски функционери од СДСМ и Беса начелно било договорено, првата предизборна македонско-албанска коалиција ќе биде помеѓу тие две партии, изјави за „Плусинфо“ функционер од Беса. Деновиве се очекува средба помеѓу лидерите на партиите Зоран Заев и Билал Касами кои ќе треба да ја детализираат соработката и  предизборната коалиција.

Според информациите, кај двете партии има согласност за соработка и проценката е дека предизборната коалиција помеѓу СДСМ и коалицијата и Беса е победничката опција која на Заев би му донела чист премиерски мандат.

Детали од разговорите засега не се отвкриваат, како што вели соговорникот за „Плусинфо“, барем додека не се сретнат Заев и Касами.

Според брифингот, за СДСМ начелно е прифатливо Касами да биде носител на Шестата изборна единица, како и добитни места на листите во останатите изборни единици.

СДСМ најави и  дека ДПА им се нуди за предизборна соработка, но неизвесно е дали партијата на Мендух Тачи ќе биде дел од коалицијата со оглед на испорачаните услови до Заев, Тачи да биде вицепремиер и во новата влада да не биде партијата на Али Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега